КОВАЧЕВСКИ : ЗА 36 ПРОЦЕНТИ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЛАТИТЕ ВО СЕКТОРИТЕ

0
543

„Само во основното и средното образование, како што ветивме и го остваривме зголемувањето од 15 проценти. Ако се земат предвид претходните покачувања во 2018 година од 5 проценти, во 2019 година од 5 проценти и 2020 година од 10 проценти и ова последното зголемување – се работи за зголемување на платите во образованието за 36 проценти.

Само за споредба, ова зголемување на платите е најголемо, доколку се спореди со платите од периодот до 2016 година, кога без услови на криза, платите на образованието беа зголемени само за 4 проценти“, посочи премиерот Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Тој соопшти дека околу 35.000 вработени во образованието, од кои 25.000 наставници и друг персонал добија зголемени плати и дополнително согласно со методологиите тоа ќе го има и во идните години. Исто така, покрај во образованието, платите се зголемени и кај негувателите.

Претседателот на Владата, Ковачевски рече дека оваа Влада е одговорна и продолжува во континуитет да ги зголемува платите, пензиите и социјалната помош.