КОВАЧЕВСКИ ЗА 24 АНАЛИЗА : ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ДА ГИ ИЗГЛАСААТ ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА РАНЛИВИТЕ ГРАЃАНИ ОД НОЕМВРИ

0
638

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју на 24 Анализа, во однос на антикризните мерки од 350 милиони евра за заштита на животниот стандард рече дека субвенциите наменети за ранливите категории, согласно планираното е да се исплаќаат од ноември.

„Дел од мерките се однесуваат на исплата на еднократна, односно на неколку месечна финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, а тука пред сè мислам на 41.878 лица кои ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари односно четири месеци по 3.000 денари, потоа поддршката за пензионерите до 11.525 денари и до 14.000 денари. Денес на Влада донесовме одлука да се подготви Закон за финансиска поддршка на ранливите категории на граѓани во време на криза, тој закон ќе го поднесе Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика и ќе го достават до Собранието“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски порача политичките партии да бидат на висина на задачата и законските решенија да бидат изгласани.