КОВАЧЕВСКИ : СО СУБВЕНЦИИ ЗА КОМПАНИИТЕ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОНИСКИ ЦЕНИ НА ЛЕБОТ, МЛЕКОТО И ДРУГИ ПРОИЗВОДИ

0
534

„Приватните компании кои ќе добиваат државна субвенција за електрична енергија ќе бидат поделени во неколку групи“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното интервју за телевизија 24. „Министерството за економија веќе работи на тоа, по претходна консултација со стопанските комори во државата. Целта е преку субвенции за струја на компаниите да се влијае на финалната цена на производите со што полза ќе имаат граѓаните“, истакна премиерот Ковачевски.

„Според мене најмногу треба да се помогне во делот на производство на храна, на тој начин што прво ќе поставиме неколку критериуми, односно да се овозможи или не, понатамошно зголемување на цената или намалување на цената со тоа што државата би субвенционирала дел од електричната енергија која што тие ја плаќаат. Значи ако цената на електрична енергија е 300 евра, а тие можат да издржат со оглед на калкулацијата која што ја имаат за учеството на енергенси со пониска цена, дел од тоа зголемување да го покрие државата преку субвенција но тоа мора да се одрази во финалната цена на производот кој што го продаваат. Во некој случај ќе биде лебот, во некој млекото, во друг случај други производи коишто најчесто граѓаните ги користат. Таа мерка треба да е со таков ефект”, рече претседателот на Владата Ковачевски во интервјуто.