КОВАЧЕВСКИ : ДПМНЕ ВИДОВМЕ ШТО ДОНЕСЕ, 11 ГОДИНИ ИЗОЛАЦИЈА И СТАГНАЦИЈА, НИЕ СМЕ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА

0
333
Ние сме виделе како изгледа чекање и неносење одлуки, интеграциите ги почнавме заедно со Хрватска која донесе одлуки и денеска е членка на ЕУ а ние 11 години загубивме иако можевме да бидеме членка досега. Таа политика која 11 години се водеше даде само непосакувани резултати, оваа политика на СДСМ на интеграција покажува какви резултати може да има позитивни ефекти врз граѓаните, економијата и стандардот рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
-Ние сме виделе како изгледа чекање и неносење на одлуки. Ние нашиот пат во европските интеграции го започнавме со Хрватска пред многу години. Денес Хрватска која што донесе одлуки консензуални во своето општество и тоа тешки одлуки е земја членка на ЕУ, земја која е дел од шенген и земја која го има воведено еврото, значи држава која што практично е нова членка на ЕУ. Толку напредувала Хрватска, а каде сме ние што сме го започнале процесот заедно. Ние дури минатата година благодарение на оваа Влада и коалиција ги започнавме преговорите со ЕУ, а можевме да бидеме членки до сега. Меѓутоа некој овде 11 години сакаше да промовира и да продава културно историски финансиски патриотизам, да ги подгрева чувствата на граѓаните кои што се одразија негативно и со нашите односи со соседите се одразија негативно и на односите внатре во општеството и државата стана, од лидер на интеграции заедно со Хрватска пред 17 години заробена држава, хибриден режим, 140-та по слобода на медиуми во светот. Со економски перформанси кои што беа исклучително ниски, дупло полоши од она што го имаме денес, рече претседателот Ковачевски.
Тој додаде дека споредбено со тој период, сега економските показатели се значително подобри, а платите и приходите на граѓаните се многу поголеми, што е резултат на интегративните политики на Владата на СДСМ .
-Минималната плата беше на ниво од 10.000 денари, во некои индустрии како што се текстилната и кожарската и пониски. Денес минималната плата е 21.000 денари и ќе расте. Пензиите беа 7.700 денари најмалите пензии, сега се скоро дуплирани, просечната пензија од 12.000 сега е скоро 20.000. Тоа се економски перформанси благодарение на интеграциски политики кои што ги води оваа влада. Бројот на невработени во мандатот на оваа влада е намален за педесет проценти, бројот на вработени за само една година е зголемен за 9,5%. Бројот на работни места кои што се платени над просечната плата расте. Ако со нешто се фалеа тоа беа 360 милиони евра странски директни инвестиции во 2016 година. Минатата кризна година беа 760 милиони евра странските директни инвестиции. Се фалеа со бројот на вработени во странските економски зони, во 2016 година вкупниот број на вработени во странските економски зони беше 6 000 вработени, денес е 17 500 вработени со плати дупло и повеќе од тоа време. Што значи дека таа политика која 11 години се водеше даде само непосакувани резултати, оваа политика на интеграција покажува какви резултати може да има позитивни ефекти врз граѓаните, додаде Ковачевски.
Мене навистина ДПМНЕ ми наликува на папагал која само за избори зборува а ништо не работи, додаде тој.
-Нив што и да ги прашате велат избори. Колку е саат да ги прашате велат избори. Имате ли план? Избори. Што ќе правите после избори, избори. Тоа го правеа 11 години, избори по избори имавме и државата не мрдна ниту еден милиметар, додаде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.