МЕЏИТИ ЗА ПОРАКИТЕ НА АХМЕТИ И ГРУБИ : КАДЕ ОДИТЕ СО ОВОЈ УРАГАН, НА СВОИТЕ СИНОВИ?

0
392
Потпретседателот на ДУИ и предводник на „огнените“ Изет Меџити е изненаден од пораките на лидерот Али Ахмети од синоќешниот митинг на ДУИ во Чаир.

„Тој не даде такви изјави ниту на Мендух Тачи кога се обиде да му изврши атентат, ниту на оние кои на прес-конференција го прогласија за тешко болен. Тој не им го правеше тоа ни на противниците, не ми е јасно зошто им го прави тоа на синовите.

Каде одите со овој ураган? На сопствените синови? На оние кои му служеа 20 години“, праша Меџити во гостувањеto на телевизијата Клан Дебата.Тој појасни дека групата  незадоволни е своевидна фракција во ДУИ и дека саркастичните изјави на Ахмети, кои ги нарече закани, не и служат на партијата и на самиот Ахмети.Одговарајќи на пораките на Груби од митингот во Чаир, Меџити потсети дека тој лани ја спасил Владата да не падне.

„Да паднеше Владата, Груби ќе немаше можност ни да зборува, бидејќи ќе беше во опозиција“, рече Меџити.За подадената рака за помирување од Груби, потпретседателот на ДУИ вели дека е „исцеден корен“. Според Меџит и самиот Груби не верува во тоа што го кажува.