АЈ ШТО НАПРАВИ ЕВРОПСКИ ГРАД, МАКСО ОД КУМАНОВО НАПРАВИ И СПОРТСКИ ГРАД СО СИТЕ НИШАНИ

0
1136

➡ Се реконструира кровната конструкција на Спортската сала во Куманово, следува проектот за внатрешно уредување и реновирање на спортската сала, трибините и паркетот.

➡ Се реконструира спортскиот комплекс Соколана – Во првата фаза од проектот е реконструирано спортското игралиште, следува проект за реконструкција на останатиот дел од комплексот.

➡ Се гради модерен културен и спортско-рекреативен комплекс на локалитет Спомен Костурница со амфитеатар, изградба на три нови спортски терени и трим патеки, поставување на опрема за вежбање и рекреирање.

✅ Изградени се и опремени 3 целосно нови училишни спортски сали со сите потребни реквизити во ООУ Јероним Де Рада, ОСТУ Наце Буѓони и СОУ Перо Наков.

✅ Реконструирани се две мултиспорт игралишта на спортските терени на локалитет “Кошеви” во населбата Гоце Делчев со нова тартан подлога.

✅ Реконструирано е игралиштето на спортските терени во ООУ „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери” со нова тартан подлога, голови, кошеви и трибини.

✅ Реконструирано е игралиштето во Долно Коњаре со нова тартан подлога, а ќе следи и обнова на трибините со локалната месна заедница.

✅ Реконструирано е игралиштето во СОУ Перо Наков со нова тартан подлога, голови, кошеви и трибини.

✅ Реконструирано е игралиштето во СОУ Гимназија Гоце Делчев со нова тартан подлога, голови, кошеви и трибини.

✅ Реконструирани се двете спортски игралишта во склоп на училиштето ОСТУ Наце Буѓони со нова тартан подлога, комплет голови и кошеви, трибини и заштитна ограда.

✅ Изградено е ново професионално 3х3 кошаркарско игралиште во спортскиот комплекс кај Спортската сала.

✅ Изградено е ново спортско игралиште за кошарка во спортско-рекреативниот комплекс кај Спортската сала.

✅ Уреден е спортско рекреативен еко-центар Бислим. Обезбедени се 15 кајаци, рафтинг чамец, 16 велосипеди, 6 електрични велосипеди, 2 мотори на 4 тркала за спасувачките служби, реквизити за уредување и изградба на 60 стази за спортско качување, комплетна опрема за алпинизам, заштитна и сервис опрема и се друго што е неопходно за непречено користење, функционирање и организирање на спортски тури и натпреварувања за развој на авантуристички туризам во Бислимската клисура.

4 ГОДИНИ КУМАНОВО СЕ МЕНУВА!

Продолжуваме…

#КумановоСеМенува
#КумановоКаквоШтоГоСакаме
#ЗаНашеКуманово
#ЗборотЕЗбор

Фејсбук статус на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.