КОВАЧЕВСКИ ДАЛ ,,ЈАСНИ НАСОКИ” ДО ИНСТИТУЦИИТЕ ВЕДНАШ ДА ГО РАСЧИСТАТ ПАЛЕЊЕТО НА КЛУБОТ ,,ИВАН МИХАЈЛОВ” ВО БИТОЛА

0
709

И премиерот Димитар Ковачевски денеска го осуди палењето на влезната врата на Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола и порача дека дал насоки до институциите веднаш да го расчистат случајот.

-Го осудувам палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола. Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо.Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот. Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Претседателот Стево Пендаровски најостро го осуди палењето на влезот во културниот центар на бугарската заедница во Битола. Тој на Твитер напиша дека ваквите чинови се акт на провокација.

„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“ напиша Пендаровски.