ГОРАН МИСОВСКИ Е НОВИОТ ЛИДЕР НА НСДСП КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ТИТО ПЕТКОВСКИ

0
811

За нов претседател на НСДП е избран Горан Мисовски, откако денеска, во Скопје се оддржа Петтиот Конгрес на НСДП на кој присуствуваа 426 делегати од вкупно 493.

За изборот гласаа 314 делегати, од кои 308 делегати гласаа ЗА, 3 против и 3 неважечки гласачки ливчиња.

Исто така беа избрани и Централниот одбор на НСДП со 81 член и Надзорниот одбор на НСДП со 9 члена.

Воедно на Конгресот беа усвоени изменувања и дополнувања на Статутот на НСДП и Програмската платформа за делување на партијата во наредните 4 години.