КОВАЧЕВСКИ, ВУЧИЌ И РАМА СЕПАК ЌЕ ОДАТ ВО БРИСЕЛ, РАМА ВЕЛИ ДЕКА ИМА НАДЕЖ ЗА НЕШТО ДОБРО ДА СЕ СЛУЧИ

0
536

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ сепак ќе присуствуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан што утре ќе се одржи во Брисел.

Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер објави дека по меѓусебни консултации, тројцата лидери на земјите вклучени во Отворен Балкан, сепак, одлучиле да заминат за Брисел.

– Ќе присуствуваме на состанокот на Советот на ЕУ. Нема да има многу што да се слушне за нас, но ќе бараме да бидеме слушнати за идејата за Нова европска политичка заедница која ја поддржуваме, за Отворен Балкан кој го промовира духот на Европа и за нашето киднапирање од Бугарија што сето тоа го уништува. Само што слушнав дека нешто денеска се придвижува во Бугарија. Прерано е за оптимизам и премалку за промена на делот од утрешниот говор каде Бугарија ќе биде критикувана како земја која киднапирала две земји од НАТО додека има жешка војна на европската граница, напиша Рама.