БОМБА НА САШО ОРДАНОВСКИ: Трајко се заканил дека ќе ја открие вмешаноста на ДУИ во настаните на 27-ми април!!!

0
1454

Зошто им е пратеничкиот имунитет на Трајко Вељановски толку значаен на ДУИ за, во 24 часа, да ризикуваат траен пад на поддршката кај своите драстично проретчени поддржувачи за дополнителни десетина проценти? Што е тоа со што им се заканил Вељановски, за овие да мораа да испорачаат вакво сопствено брукање на какво што се изложија со неговото спасување од притвор?

Али Ахмети мора да проценил дека скандалот со парламентарната операција за спас на Трајко мора да е помал од компромитацијата што би настанала доколку бившиот еднодецениски претседател на Собранието ја оствари заканата со тоа што би ѝ го соопштил на јавноста за ДУИ. Се разбира дека се работи за некакви криминали – камон, ДУИ е во прашање – но, може ли тие да се од „обичен“ бандитски карактер (некој дрпнат милион ваму-таму) или се работи за уште поделикатна материја за која Вељановски пуштил поздрав дека ќе проговори?

Во јавноста веќе се спомнаа трагедиите кај „Смилковско езеро“ и во „Диво насеље“ за чии околности Вељановски, и по сила на своите некогашни службени овластувања, сигурно знае многу повеќе детали од оние што ѝ се познати на јавноста. Во многу од шпекулациите за тие мрачни епизоди од владеењето на претходната власт, ДУИ богато е имплицирана.

Но, јас мислам дека Вељановски можеби алудирал и на нешто поново…

На тој список се наоѓаат обвинувањата на Села: дека поединци и структури на ДУИ се, всушност, соорганизатори на настаните од 27 април, што директно ја прави преговарачката позиција на Вељановски за сопствен спас кај ДУИ многу моќна. Имено, кога е веќе осомничен како еден од организаторите на тие случувања, Трајко би можел на обвинителите кредибилно да им раскаже детали за кои ни Обвинителството не е свесно или нема доволно докази и сведоци за да го прошири обвинението. Евентуалното такво сведочење на Вељановски ќе мора сериозно да се земе предвид, а тоа трајно би ја потопило ДУИ, како кога цигла ќе фрлите на дното во Дебарско Езеро.

Линк до целата колумна на ЦИВИЛ МЕДИА.