ТНТ: СЈО бара одземање на пасошот на градежната инспекторка Најдовска

0
1200

Специјалното обвинителство бара да и биде одземен пасошот на градежната инспекторка од Гази Баба, Елисавета Најдовска, која е првоосомничена во случајот „ТНТ“ поради издавање решение со кое незаконски бил срушен објектот „Космос“.  СЈО побарало да и биде ставена и обврската постојано да се јавува во Кривичниот суд.

Истите мерки тимот на Катица Јанева ги барал и за останатите тројца осомничени – членови на комисијата за јавни набавки во општината.

Скопскиот кривичен суд за барањата на СЈО ќе одлучува на 17 мај, јави 24 Вести.

Пред еден месец Специјалното обвинителство објави дека Никола Груевски како претседател на Владата и Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски да најде начин и незаконски да го сруши објектот Космос. Нарачките според СЈО ги спровела токму инспекторката. Но, освен Најдовска овие функционери беа помилувани од претседателот Иванов и засега не се осомничени и немаат кривична одговорност.