СРЕДБИ НА ЛИДЕРИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СОЈУЗ ЗА ПРОМЕНИ ВО ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ

0
183

Ден по големиот собир на „Денот на Албанското знаме„ каде и беше потпишана Декларацијата за коалиција, лидерите на Европскиот Сојуз за Промени, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити отпатуваа во Берлин на средби во германскиот парламент.

Лидерите на коалицијата одржаа средба со пратениците од пратеничката група на ЦДУ, г. Манфред Грунд, г-ѓа, Хеинке Бремер, г-ѓа Ања Карличек, поранешна министерка за образование и истражување и со членови на нивните кабинети. Слични средби беа остварени и со членовите на Меѓународната економска комора.

Фокусот на разговорите беа продлабочувањето на институционалната и меѓупартиската соработка меѓу пратеничката група на Европскиот Сојуз за Промени и пратеничката група на ЦДУ, во рамките на соодветните парламенти. Сепак, посебно внимание беше посветено на темата за зголемување на бројот на германски туристи во Северна Македонија и привлекување германски инвеститори. Делегацијата на Европскиот Сојуз за Промени ги презентираше деталите за правните, развојните и инфраструктурните можности на земјата, нагласувајќи го нејзиниот потенцијал.

Особено беше нагласена потребата пред германската публика да се претстават конкретните можности и предности што ги нуди Северна Македонија за инвестиции. Делегацијата ја фокусираше дискусијата на секторот за туризам, угостителство, гастрономија, но и на другите сектори, споменувајќи ја можноста за искористување на средствата од Европската Унија за подобрување на инфраструктурата и туристичките капацитети. Учесниците на средбата покажаа сериозен интерес и волја за соработка за подобрување на германските инвестиции, особено во областа на туризмот.