Ајдее, аирлија: Денеска паднаа три оставки во владата – Чавков, Спасов и Арсовска-Томовска ги пакуваат куферите

0
1306

Тројца министри од владата на премиерот Никола Груевски денеска поднесоа оставка на своите функции. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, согласно Договорот од Пржино денеска до Собранието ги поднеле своите оставки.

cavkov-spasov-arsovska1-540x410

Собранието на Република Македонија денеска исто така ги прими предлогот за именување замениците министри во Владата и предлогот за избор на членови на владата, собранискиот спикер Трајко Вељаноски попладнево соопшти дека двата предлога утре ќе се најдат пред пратениците.

Според договорот, кој беше прецизиран на последната средба на работните групи посветена на времената влада, со Министерството за внатрешни работи ќе раководи Оливер Спасовски од СДСМ, додека во министерската фотелја во труд и социјална политика ќе седна Фросина Ременски исто така од опозициската партија. На местото Арсовска-Томовска, од опозициската СДСМ ќе дојде Александар Кирацовски.

СДСМ исто така треба да ги добие заменичките позиции во Министерството за земјоделство и во Министерството за финансии, на кои ќе бидат назначени Љупчо Николовски и Кире Наумов.

На утрешната седница се очекува да биде пополнета и министерската позиција во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, која остана испразнета по оставка на Иво Ивановски.

Мета