КОВАЧЕВСКИ : ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ДОСТАВИ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д, НО ЗА ОВИЕ ПРОЕКТИ СЕ ЗАПАЗЕНИ СИТЕ ПРОЦЕДУРИ

0
447

Фото: Влада на РСМ

Надзорниот орган кој ќе врши надзор врз најголемиот проект во историјата на државата, изградба на коридорите 8 и 10д е избран низ постапка во која се запазени сите законски процедури од страна на сите институции, кои што биле задолжени и биле предводени од ЈПДП.

Ова е одговорот на премиерот Димитар Ковачевски на прашање дали сè уште мисли дека надзорот е избран соласно законот, со оглед на тоа што Јавното обвинителство веќе има отворено предмет за овој случај.

Тој посочи дека изведувачот на коридорите „Бехтел и Eнка“ е избран со посебен закон во Собранието подржан од сите пратеници и закон потврден од Уставниот суд.Во таа постапка учествувале три компании. Има една која е избрана врз основа на одредбите од тендерот, спроведена е управна постапка и сите податоци се јавно достапни преку Бирото за јавни набавки, додаде премиерот.

„Со оглед на тоа дека се појавија информации доминантно од опозицијата, но имаше и други информации, јас и тогаш кажав и сега кажувам дека сите институции во државата кои што имаат надлежност треба да го проверат целиот овој проект, што значи дека кажав и Јавното обвинителство да постапи за да се испитаат сите наводи, како и Анткорупциска комисија за да се испитаат наводите и кажав дека сите документи и одлуки кои биле во надлежносат на Владата во изминативе месеци и години додека се подготвувал овој проект ќе бидат доставени до Антикорупциска комисија. Со оглед на тоа дека еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ вчера кажа дека биле барани некакви средства од секаде, а тој тоа го кажа во еден реторичен занес во Собранието, јас додадов уште нешто и ги повикав и владите на САД и Турција да кажат дали некој од нив или од некоја нивна компанија од оваа држава нешто барала во текот на изминативе 2 години додека се подготвувал овој проект„, рече Ковачевски.

Се работи за проект кој ќе обезбеди конечно за прв пат инфраструктурно поврзување на коридорот 8 кој е ставен во мапата на паневропските коридори.Коридорите 8 и 10 се приоритетни, додека патниот правец Тетово – Призрен е проект за во иднина од кој Владата нема да се откаже.

„Потпишан е меморандум со косовската Влада за патoт Тетово-Призрен, ние имаме разговарано на ниво на министри и на ескперти за оваа патна инфраструктура, но од друга страна имаме приоритетни проекти како коридорот 8 за до албанската граница, исто така втор приоритет е инфраструктурниот проект од Куманово до бугарската граница и делницата помеѓу Прилеп и Битола. Еден од патните правци е и Тетово – Призрен, но во моментов приоритетот за нас и буџетот се наменети за овие патни правци, но тоа не значи дека нема да продолжиме да разговраме со Владата на Косово. Сепак треба да се направи и физибилити студија за да се види и економската исплатливот на тој пат, рече премирот Димитар Ковачевски.