СКАНДАЛ: МИТКО ЧАВКОВ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА НА БАКРАЧЕСКИ ВО СВР ОХРИД БЕЗ БИЛО КАКОВ ОГЛАС!

0
981

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески пред 2 дена ја вдомил својата снаа од брат на работно место инспектор во СВР Охрид, јавува „ОхридСкај“.

МВРО-ВМРО на Митко Чавков продолжува да функционира на целосна партизација на МВР. Имено снаата на Бакрачески е примена во СВР Охрид без предходно распишан било каков оглас за вработување од страна на МВР согласно Закон туку истата е примена експресно, за што како дознаваме за нејзиното вработување не биле известени ниту началниците на СВР Охрид. За потсетување веднаш по локалните избори 2013 година кога Бакрачески постана градоначалник неговиот брат во експресна постапка преку ноќ беше поставен за директор на Телеком Охрид !!!

Митко Чавков е должен пред Македонската јавност да објасни како тоа без предходно објавен конкурс и без соодветно образование ја вработил снаата на Бакрачески во СВР Охрид?!

Извор: ОхридСкај