ГРАД СКОПЈЕ ГИ ДЕМАНТИРА ТВРДЕЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ,,ДРИСЛА” : АКО НЕ СЕ ИЗВИНАТ ЌЕ ДОБИЈАТ ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА!

0
541

Ја разбираме нервозата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради губењето на контрола врз градските јавни претпријатија, и губењето на можноста преку свои директори од парите на скопјани да се вработува без контрола и да се обидуваат да прават бизниси, велат од Град Скопје во демант на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-ЈП „Дрисла” за само девет месеци раководство на директорот на Мицкоски, е оставено со долг од 100 милиони демари, а во истиот период во претпријатието ангажирале без срам нови 30 лица без никакви критериуми. Ако од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да зборуваат за грабеж во претпријатието, тогаш, резултатите од ревизијата на работењето на нивниот директор ќе бидат јавно достапни и со можност за соодветна пријава. Истовремено бараме од ВМРО-ДПМНЕ во рок од 48 часа да се извинат за изнесената лага, во спротивно кажаното ќе мора да го докажат пред надлежниот суд, се вели во демантот.