КАСАМИ : МЕРКО Е „МАЛАТА РИБА“, НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД ТРЕБА ДА БИДЕ СТАВЕН АЛИ АХМЕТИ

0
700

Биљал Касами – лидерот на Движењето Беса во интервју за „Еуроњус Албанија“ со свој коментар за случувањата по објавувањето на „црната листа“ на САД на која се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Касами рече дека Рамиз Мерко е „малата риба“.

Тој оцени дека јавноста ќа биде шокирана кога ќе бидат објавени и другите имиња, како што беше најавено. „Во овој процес сметам дека на црна листа треба да биде ставен првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. ДУИ се движи континуирано надолу, зашто функционери на таа партија крадеа за време на дваесетте години на власт“ – рече Касами.