Владата го објави целосниот текст на договорот

0
1052

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вечерва на прес конференција соопшти дека Владата вечерва едногласно го разгледала и усвоила извештајот за договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.

– Владата донесе одлука да го декласифицира Договорот и тој веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата јавност има пристап до истиот. Во текот на утрешниот ден ќе знаеме кога ќе се потпише договорот. Во моментов не е позната точната локација на потпишување на договорот и не е утврден денот кога тоа ќе се случи – рече Бошњаковски.

Целосниот наслов на договорот гласи: „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешно партнерство меѓу страните“.