ВМРО-ДПМНЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ДЕНЕС ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ЗАТВОР НА НАСИЛНИЦИТЕ ОД УПАДОТ ВО СОБРАНИЕ НА 27-МИ АПРИЛ

0
1130

Протестот најавен како сенароден марш за слобода за уставобранителите, зад кој застана ВМРО-ДПМНЕ, започна пред Владата од каде продолжи кон зградата на Собранието. Мотото на протестот е “Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!”.

Учесниците побараа безусловно ослободување на осудените за настаните од 27. април, односно за упадот во Собранието во 2017 година. Организаторите на протестот велат дека обвиненијата за тероризам на осудените лица за настаните од 27 април се политички монтирани и побараа Врховен суд да го поништи судењето и да се одржи ново.

На протестот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со раководството на партијата.

“Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации” – порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод протестот за поддршка на осудените за тероризам за настаните од 27-ми април.

На протестот доминираа знамињата со шеснаесеткракото сонце од Вергина и партиските обележја на ВМРО-ДПМНЕ.