КАРАПЕЈОВСКИ ДО МАРИЧИЌ : СО ОВА РАКОВОДСТВО НА СДСМ НЕМА КОАЛИЦИЈА, ВО КАМПАЊАТА ЗБОРОТ „ЕВРОПСКИ” СЕ МОНОПОЛИЗИРА

0
77

Денеска на Бојан Маричиќ од СДСМ му ја дадов изборната програма Манифест за Македонија на нашиот претседателски кандидат Maksim Dimitrievski.

Денешната кратка средба ја искористив за да го реафирмирам ставот искажан од претседателот на Движењето ЗНАМ дека, за жал, и покрај тоа што СДСМ има прекрасни членови и симпатизери, со ова раководство нема да можеме да соработуваме и да коалицираме. Бојан е дел од тоа раководство.

Жалам што во кампањата терминот ,,европски” се злоупотребува и се монополизира.

За жал, случајнава средба тој ја искористи за да го каже својот сопствен став на Фејсбук, во име на друг политички субјект.

Нашите црвени линии за промената на Уставот, македонскиот народ, јазик, историја и култура се конзистентни и јасни, и тие се основниот услов за соработка со која и да е политичка партија по изборите

Фејсбук статус на носителот на ИЕ 1 од движењето ЗНАМ, Бобан Карапејовски.