(ВИДЕО) СЕ РЕНОВИРА ПАТОТ КОЈ ГОДИШНО УБИВА ПО 10 ЛУЃЕ – Китанов: Добиваме комплетен Кородор 8 за една година

0
871

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов изврши увид во отпочната рехабилитација на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин (Фаза 2). Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри, проект финансиран од Буџетот на ЈПДП во вредност од 7,2 милиони евра.