Петровски : Смрт на фашизмот, слобода на народот

0
1439

Деновите, прочитав, а и лично се наслушнав, изјави со голема “концетрација’ на фашизам и национализам, шовинизам…

И тоа, не од оние кои популарно се нарекуваат “чипирани“; туку од луѓе, кои и самите, не верувалале дека такво “зло“, несвесни ни како ми од каде, но сепак -пуштило троа такви семчиња и во нивната потсвест, во “делот од сантата“ која не може да се види – она што е под човековиот “леден брег“ на потсвеста; несвесното.

Не би набројувал… а сепак морам, колку за да илустрирам:

За експлозијата на заразени од КОРОНА. Виновен е: “Бајрам и Ифтар – ама нема ронка вина во литија во Струга или “едното лажчиче“ или ред др. глупости што беа направени за Велигден.

И обратно – “За Велигден и Духови, полициски час е во ред – ама полициски час за Бајрам и за Ифтар, тоа не’, НИКАКО!“

И ај да се тоа дискусии со минимум “праг“, туку се е тоа парада на шофинизам, фашизам, омраза, не разбирање на другиот – без обид и тој тебе да те разбере…

Гледам се чудам, и болка – Со носталгија се сеќавам, на #Шарените, кои многу сега се плукааат од разни страни ( и тоа во – “лице, намерно без маска – со намера да се заразиш од ‘корона’). Што да ви кажам – Благодарам за се што сторивме за М;акедонија!

Но, знајте го и ова – Како некој кој, секојдневно, ден по ден, 4 и пред тоа уште некоја година, бев во првиот борбен ред, ви гарантирам со се што сум и су оставил зад себе – Дека таа #Револуција, од прв, пa до својот последен чекор, беше ( и се уште е’ ) исклучиво спонтана, беше – непартиско туку исклучиво ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ( не сакам да должам, затоа еве само – поентата), тогаш имав и верба и надеж, оти гледав како се развива движењето и кава држава сакаат сите тие луѓе ( чија бројка стана импозантна!), тоа беше “готова работа’, само еден чекор до… Македонија да прерасне во вистинска држава на СИТЕ НЕЈЗИНИ ГРАЃАНИ -кај ќе е целосно небитна – национална припадност, вероисповест или не вероисповест, сексуална орјентација, партиска припадност, боја на кожа… и цела гомнарица со слично “срање… Значи ГРАЃАНСКА ДРЖАВА, но(!) -не само хартија ( тоалетна ), не ни “мртво слово“ кое како “мантра“ се преповторува низ “високо уважени книги’; ни амадман на закон, ни параграф во устав… НЕ!!! Туку држава на еднакви ГРАЃАНИ по сите основи, а како “темел“ – Сите еднакви пред ЛИЦЕТО на ПРАВДАТА! Слободни граѓани кои знаат дека тие се вистинските “акционери’ ( “директоти“) на оваа држава, а исто така знаат на пример, дека зборот – “министер“ ( во превод од латински ) значи – “ оној кој му слугува на народот’… Едноставно – освестени и слободни луѓе, кои ги знаат сите свои права, но и сите свои ДОЛЖНОСТИ кон државата…

Забегав … но…

… но ќе ми простите, оти секојдневно гледам, како, кој кому како ќе му се ќеифне ми го урнисува сонот(!) … Знам дека на тој “мој сон“ беше кошмар на диктаточето “на службен пат“ во Пешта, првествебо бидејки тој својата власт ја одржуваше на спротивното – поделби на две ( национално, партиски, човечки, и тн. .) Полсаизација до апсурдни максимуми ( ‘ако не е со нас, тој е наш непријател“ -???, а кога ќе започне да се копа таков ров, тогаш почнува да копа кој ќе стигне… и само треба време, тоа да стана кратер кој тешко се затрупува и премостува….

Токму тоа го гледам и сега!!!

Па чекајте малку!

-Папата во цела св. Петар, среде Ватикан, за ВЕЛИГДЕН, се молеше сам -Ама ! Македонецот е поголем верник од папа!

Во Турција, за Бајрам, 5 (пет) дена ги заклучија сите џамии – но тоа во Македонија не е можно – веднаш повици на граѓанска непослушност, па изјави дека ‘корона е мртва!“ ( исто гомно, како изјавата на “сторител на постојано семејно насилство“ а инаку презвитер во МПЦ – Дека , КОРОНА, во црква не може да ве зарази(!?) … и да не редам веке, оти тоа нема крај….

Знаете, згора јас сум голем протиовник на било какво кршење на човекови права и слободи, сум огромен противник на “полициски час’ – тоа би требало да се остави на свеста на единката, одговорноста и солидарност, со и во твоката државата и кон/со луѓето кои живеат овде…НО! ( Мислам дека ова “НО“ нема потреба да ја образложувам- Јасно е!

п.с.

Ни ИВЗ, ни МПЦ не плаќаат данок, располагаат со шуми и ливади, но со хотели и дискотеки … ( Во Р.Србска, Господин Госодин Качавенда- конзумирал машки малолетници ( постојано), трампал со Русите, црковни реликвии од црквите и манастири на Р.Србска – за калашникови. Убил, своерачно, неколку сведопци кои сакале да проговорат за неговото “ѓаволско наличје“) …Го спомнувам овој случај, бидејки секаде низ христијанството, па и во МПЦ, се шушкаат приказни налик на оние на Качавенда, но овој е случај кој е докажан, со судски епилог, доказите се изнесени и презентирани, г.г. е прогласен за виновен,но! Казната е, замислите, ‘дури’ -принудно заминвање во пензија!??… кај нас се знае и за -џипови, глисери, кафани и приватни цркви, за хациенди … дворци! И сега искрено, како добри хверници – Зошто тие ( врвот на МПЦ и ИВЗ ) би ги имале сите овие повластици, па и да си верник “до задна капка крв“ не верувам дека и за ова имаш оправдуцање.

Незнам….

Но, едно знам – дека #БорбатаПродолжува – борбата на ГРАЃАНИТЕ – борбата на #Шарените! Борба за вистинска СЕКУЛАРНОСТ на Република Северна Македонија, држава поставена врз ГРАЃАНСКИ ТЕМЕЛИ, татковина ( подеднаква за сите, без обиди за “присвојување“,заедничка ) на сите нејзини ГРАЃАНИ!!!

Колумна на Југослав Костовски, граѓански активист.