КАМЧЕВ СЕ СПОГОДИЛ ЗА ,,ИМПЕРИЈА”, ПРИЗНАЛ ВИНА, ЌЕ ДОБИЕ ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР И ЌЕ ПЛАТИ НА ДРЖАВАТА 5 МИЛИОНИ ЕВРА

0
611

Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор, ова за Топ Тема на Телма го изјави раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Според информацијата Русковска појаснила дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.

-Предлог спогодбата со Камчев е прифатена во средата (н.з. пред два дена). Од фирмата Кара односно Орка Холдинг ќе бидат уплатени 320 милиони денари (околу 5,1 милион евра). Фирмата е на Орце Камчев. Тие средства треба да се уплатат на УЈП. Предлог-спогодбата беше верификувана од судија на претходна постапка. Ова значи дека нема да се води постапка птротив него, а тој се согласи на казна од една година затвор, истакнува Русковска.