ГРУБИ: ВО СЛЕДНИТЕ 3 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ВЛОЖАТ 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО АВТОПАТИТЕ БИТОЛА – ПРИЛЕП, СТРУГА – ЌАФАСАН, ГОСТИВАР – КИЧЕВО, СКОПЈЕ – БЛАЦЕ

0
840

Коридорот 8 ќе се направи и реализира. Завршивме со објавување на огласот за избор на консултант и финансиски советник за реализација на Коридорот 8 со познатата американско-турска компанија Бехтел-Енка, која сите ја знаете и сега веќе сме неколку дена пред изборот на консултантот и веднаш по изборот Во рок од 21 ден треба да завршат преговорите со конзорциумот Бехтел-Енка за изградба на последните автопати кај нас, од Скопје до Ќафасан и од Прилеп до Битола. Верувам и сум целосно убеден дека ако овие два процеси кои треба да завршат за 1 месец – 1 и пол месец ќе бидат успешно завршени. Камен-темелникот на автопатот ќе го поставиме кон средината на јуни или почетокот на јули и ова е најголемото достигнување бидејќи го реализираме најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Република Северна Македонија.

Истовремено, покрај Коридорот 8, заедно со министерот за финансии, Дирекцијата за патишта, Министерството за транспорт напорно работиме на доизградба на автопатот Скопје и Блаце и пред 3 недели во Владата ја поминавме информацијата со одредување на трасата на патот и вредноста според проектантите, и во тој случај верувам дека следниот месец ќе се реализира кредитот од Европската банка за обнова и развој и ќе го објавиме тендерот за вторите 10 километри од автопатот Скопје-Блаце, кој треба да биде завршен како процедура на претстојната есен. Истовремено, истата процедура ќе важи и за патниот правец од Кичево до Букочани да се поврзе со Коридорот 8. Ова е приоритет не само за мене, тоа е приоритет на целата Влада и јас сум апсолутно убеден дека на крајот на овој мандат ќе го видиме јасно обележаниот пат од Блацe до Ќафaсан и од Прилеп до Битола, заокружувајќи ги сите проекти за автопати во оваа земја и на овој начин да се помогне на стопанството со реализација на приближно нешто помалку од 2 милијарди евра во период од 3 до 4 години во нашата земја и ова ќе биде голема помош за сите компании во земјата и за стопанството на земјата.

Целосно сум убеден дека нема да има локална компанија која ќе остане без работа во сите овие проекти што ги отвораме. Следната година, штом ќе ги завршиме и потпишеме овие автопати, приоритет ни е пругата од Кичево до селото Лин во Албанија во Поградец и со директорот Локвенец работиме на ажурирање на проектот кој е подготвен и е финансиран од ЕУ и веќе испративме барања до Министерството за финансии за финансирање на оваа пруга. Целта е целосна железничка, енергетска, автопатната реконструкција на Коридорот 8, во целост од Бугарија до Албанија.