СТРУМИЧКИ МУЗИЧАРИ УКРАЛЕ ТЕПИСИ ОД ХОТЕЛ ВО ОХРИД КАДЕ СВИРЕЛЕ НА СВАДБА, СЕ ИЗБЛАМИРАЛЕ ПРЕД КАМЕРИ, А ПОТОА ТЕПИСОНИТЕ БИЛЕ ВРАТЕНИ ВО ХОТЕЛОТ

0
1020

Музиканти од Струмица кои имале ангажман во хотел во Охрид, кога ја собирале музичката опрема ги украле и теписите, дознава Охрид1.

Заедно со опремата ги ставиле во комбето. Оваа кражба била евидентирана на видео надзорот. Менаџерите на хотелот им кажале дека имаат видео доказ дека ги украле теписите и доколку не сакаат да ги пријават во полиција истите веднаш да ги вратат.

Така оваа кражба остана не пријавена во СВР Охрид, а теписите се повторно на своето место.