КАЕВСКИ : МИЦКОСКИ КАКО ДИРЕКТОР НА ЕЛЕМ КУПУВАЛ СТРУЈА ПО 4 ПАТИ ПОВИСОКА ЦЕНА, ВО ВРЕМЕ БЕЗ КРИЗА

0
508

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Денеска, со документи, ќе покажаме зошто Христијан Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ и советник на Груевски за енергетика во време кога немаше енергетска криза.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски цената на струјата е зголемена за 100%, а Мицкоски набавувал струја 3-4 пати повисока од пазарната, од цената на светските берзи.

Овој документ (1) покажува дека во јануари 2017 година Мицкоски потрошил речиси 6 милиони евра за да купи 66.690 мегаватчаса електрична енергија, чија цена во одредени моменти ја платил и по 221 евро за мегаватчас.

Во време кога немало никаква енергетска криза, ниту пак високи цени, и кога струјата вообичаено можела да се набави по околу 50 или 60 евра.

Иако производната цена на ЕСМ во тој период била 45 евра за мегаватчас Мицкоски купувал и по и и по 220 евра.

Тоа е разлика од околу 3 милиони евра, директно врз грбот на граѓаните.

Да ја произведел таа енергија од домашно производство, наместо да ја купи, немало да ја оштети граѓаните и да морале да платат речиси три милиони евра повеќе.

Еве ја вистината, Мицкоски се правдал дека струјата морал да ја купи затоа што му паднале блоковите во РЕК Битола. Тоа е во овој документ (2)

Па како му паднале блоковите во РЕК? Нели работел како што треба, нели ги одржувал?

Објаснува дека имало ниски температури во Битола во јануери. Замислете.

Вистината е дека ниту ги одржувал, ниту се грижел за РЕК а најмалку работел како што треба.

Тоа истиот Мицкоски што пишува статуси на социјалните мрежи за струјата, зборува за цени и меша баби и жаби во време на најголема економска и енергетска криза.

Денеска домашното производство на струја е највисоко ниво, државата субвенционира 80% од цената за домаќинствата и се преземаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните, во услови на најголема економска и енергетска криза.

Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ кој нема никаков кредибилитет да зборува за енергетика.