БОМБА НА ПОРТАЛОТ СВЕДОК: Ивона и Латас вртеле милиони евра од големи фирми, рекет или ПР?!?!

0
1939

Новинарката и уредничка во Сител и Вечер, Ивона Талевска, која беше осудена за затајување данок, преку нејзините две фирми во периодот 2008-2015 година, свртела над 800 илјади евра, за која сума не платила целосно данок од над 50 илјади евра, за што беше осудена на условна казна, покажа истражувањето наСВЕДОК.

Ивона Талевска, како што е познато од пресудата и од обвинението по кое и се судеше во случајот „Тифани“, прикажувала како трошок на фирмите, во кои таа била основач и сопственик, без ниту еден вработен, дека се што купува за дома е за потребите на фирмите.

Според обвинението, кое е составен дел на пресудата, бидејќи Ивона Талевска призна вина па не се утврдува фактичка состојба, таа како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје која постоела до 2012 година и агенцијата „Смарт“ која постои од 2011 наваму, заедно во периодот 2008 до 2015 година со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите што се однесуваат за пресметување данок.

Ивона Талевска за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра, или се вкупно над 54.500 евра.

Но, кои се фирмите со кои имала бизнис Ивона Талевска и дали тој имал и каква била врската со нејзината работа како новинар?

СВЕДОК врз основа на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, преку податоци од обвинението и пресудата, преку споредба на билансите од даночните служби што се водат за фирмите, но и преку податоци добиени од фирми и маркетинг агенции дојде до следниве податоци:
Шема на фирми регистрирани на адреса на Сител од Ивона Талевска и Драган Павловиќ Латас

Преку фирмата која е активна и денеска, Смарт Груп ДООЕЛ, Ивона Талевска заработила над 570 илјади евра во периодот од 2011 до 2015 година, период опфаен за истражување според објавените „бомби“.

Преку веќе згаснатата Смарт Центар ДООЕЛ Скопје, за периодот на испитување од 2008 до 2012 додека постоела остварила прилив од над 220 илјади евра, или вкупно, преку двете фирми на Талевска на сметката и легнале над 800 илјади евра.

Според пресудата на скопска единица, Ивона Талевска за затаениот данок ќе заврши две години во затвор, зад решетки, само доколку во наредните 4 години стори ново кривично дело. Во спротивно ќе помине само со условната казна. Ова беше одлуката на судијката Софија Лаличиќ, која и изрече условна осуда на Ивона Талевска за затајување на данок, а СЈО чека да ја добие писмено за да одлучи дали ќе се жали.

Според стенд-ап настапот на обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, на настан пред неколку дена, меѓу редови се прочита дека обвинителството ќе се жали на висината на казната, а на јавна седница на Апелација повторно ќе треба да се разгледа случајот. Бидејќи е по признание на вина, предмет на жалба може да биде само висината на казната.

Но, она што е предмет на наш интерес е податокот од каде и како ги заработила Ивона Талевска парите?

Истрагата на Сведок покажа дека главните пари Талевска ги заработувала од „консултантство “ и „рекламирање“, а главни коментенти се добро стоечки фирми во банкарството, обоената металургија, фармацевтските компании, осигурувањето, млечната индустрија, маркетинг агенциите, Министерствата за земјоделство и за култура и други фирми.

Она што засега ќе остане неодговорено е прашањето, кога стасувала да сработи се Ивона Талевска која во тоа време била уредник во Сител и Вечер и каков бил третманот на овие компании во медиумите Сител и Вечер, дали на ваков начин го купувале мирот во двата медиуми во кои уредувала Ивона Талевска со префрлање на пари на нејзините приватни фирми?
Доколку овие добростоечки компании (дел од нив блиски до опозицијата во тој период) имале потреба да се рекламираат во Вечер или Сител, тоа ќе го стореле со медиумите директно, а не со консултантските компании на Талевска.

Но, овие прашања не биле предмет на интерес на СЈО, ниту е повикан некој од компаниите да го објасни деловниот однос помеѓу нивната и компаниите на Ивона Талевска, за да се види дали навистина некој се рекламирал и користел консултантски услуги или станува збор за рекет и перење пари, без никаков основ.

Овде посебно се интересни парите кои стигнуваат од областа на културата за „финансирање на дејности од областа на културата“. Некој, сигурно требало да одговори какви дејности на култура спровела фирмата на Ивона Талевска за која цел се легнати на сметката речиси 2 милиони денари за неколку години едно подруго?!
На листата на најревносни поддржувачи на работата на Ивона Талевска, односно на нејзината приватна фирма е Министерството за земјоделство, водено од кадар на Социјалистичката партија на Љубисав Иванов Ѕинго, кое дало двојно повеќе пари од тие што и биле дадени на Талевска за култура.

Но, покрај за култура и земјоделие, Ивона Талевска била експерт и за многу бизнис области, па според информациите на СВЕДОК, добиени од повеќе финансиски институции, на листата на тие кои дале најмногу пари и тоа речиси сите години во континуитет се: Комерцијална Банка Скопје, НЛБ Тутунска банка, Прокредит банка, како и повеќе компании од различни области како: Скопски пазар, Брилијант Штип, Фени индустри, Ватростална Скопје, Уника Лајф Скопје. На листата на фирми од каде што стигнувале уплати на сметките на фирмите на Ивона Талевска се и маркетинг агенциите: Република, Тотал Медија Центар, тотал Маркетинг (на Драган Павловиќ Латас), Публицис, Маркет Висион, Навигаторс, Имиџ ПР, Пристоп, за кои пари засега нема податок од кои фирми доаѓаат, бидејќи маркетинг агенциите обично застапуваат разни компании.

Повеќе ОВДЕ.