ПОЛИТИЧКИОТ АНАЛИТИЧАР, Алберт Муслиу вечерва на СТОЖЕРОТ НА РЕЖИМОТ во МРТВ имаше тешка задача да дебатира со 3 ПРОВЛАДИНИ ФУКАРИ!

0
2494

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во текот на вечерашната дебатна емисија со наслов ,,Акцент” кај стожерот на режимот на режимската МРТВ имаше тешка задача.

albertmusliu

Во текот на целата дебатна емисија водителот Стојан Трпчевски постојано уфрлуваше тези и напаѓаше со нив откако Муслиу ја завршуваше својата мисла и со тоа правеше корекции во корист на режимот, како на пример моментот кога Муслиу наведе дека опозицијата со конкретни докази ги бојкотираше изборите куртон водителот на крајот на мислата од Муслиу дофрли дека ЕУ ги призна последните избори и со тоа ја обвини опозицијата за политичката криза.

Во текот на целата дебатна емисија Муслиу акцентираше на извештајот на ПРИБЕ кој јасно ги потенцира криминалите и корупцијата на институциите а воедно и барањата на опозицијата како легитимни за кои речиси директно е потенцирано дека за нив мора и треба да се преговара но и да се најде решение, за кој режимските телетабиси го сметаа за нерелевантен и го напаѓаа Алберт Муслиу со Грујовата теза дека народот е тој кој дава доверба на избори и дека народот ќе гласал , Грујо бил јак и повторно ќе тепал а опозицијата била уплашена од избори. На што Алберт повторно во свој препознатлив смирен стил возврати дека опозицијата има легитимни политички барања за кои има конкретни докази па тек потоа откако ќе се разреши политичката криза и откако ќе се сноси политичка одговорност може да се мерат силите на избори а народот да го круниса победникот или обратно да го казни виновникот.

Тешко е да се дебатира со режимски фукари и хоштаплери на режимскиот платен список како водителот Стојан Трпчевски и Александар Даштевски  со што МРТВ се покажа како стожер и слуга на режимот како и самата дисбалансирана дебатна емисија 3 провладини ртки према 1 неутрален аналитичар.