(ВИДЕО) Враќањето на грчката државна телевизија дочекано со солзи

0
1735

Вработените во грчката државна телевизија ЕРТ денеска, по првото емитување во последните две години, се прегрнале во солзи.

grckatv

Левичарскиот премиер Алексис Ципрас, кој заедно со заемодавците се трка со времето во обид да обезбеди „пари за реформи“, своевремено го нарече затворањето на ЕРТ „голема рана“ на бескомпромисните мерки на штедење и вети дека повторното вработување на околу 2.500 работници, од кои 600 се новинари, ќе биде негов приоритет.

Вработените пристигнале во раните утрински часови во зградата и во солзи го подготвиле емитувањето на програмата, во која со националната химна биле презентирани записи од најпознатите грчки споменици и дестинации, вели Ројтерс.

„Ова е посебен ден за Грците, за оние што ја сакаат Грција и за оние што ја сакаат слободата на информирањето“, рекол водителот Никос Агелидис во почетокот на утринската програма. „Имаме трема, многу сме трогнати.“

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=PsVowD87pgg[/youtube]