И Најчевска утре повикана во полиција – Утре ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА во 08:45 часот пред полициската станица Беко!

0
1194

„Соборци и соборки,

Продолжува хајката и репресијата на режимот против борците за човекови права, против нашето право на протест, против секој/a од нас. Нашите соборки Уранија Пировска и Мирјана Најчевска, едни од најактивните заштитнички на човековите права во Македонија, се повикани на информативен разговор во полиција заради нивните протестни дејствија против автократскиот и корумпиран режим.

Продолжуваат мерките на заплашување врз слободната мисла, но тоа нас не јакне. Колку повеќе се обидуваат да не замолчат, толку повеќе не здружуваат и зајакнуваат. Нема да им помине, нашата порака е СТАВ НАМЕСТО СТРАВ – ЛИЦА НАМЕСТО МАСКИ!

Затоа, за да им покажеме дека нема да не запрат, ве повикуваме утре (среда) во 08:45 часот наутро пред полициската станица Беко во Скопје, да ги придружиме и поддржиме Уранија и Најче кои се повикани на “информативен” разговор и да упатиме уште една јасна анти-режимска порака.

Нема правда, нема мир, се гледаме утре во 08:45 часот пред полициска Беко“, повикаа ‎Шарена револуција и „Протестирам“ преку Фејсбук.‬