ЕКСКЛУЗИВНО : СЕ ПОЈАВИ БОМБА ПОМЕЃУ ГРУЈО И ХОРХЕ ОД САМИТОТ ВО ИСТАМБУЛ!

0
2503

– Ало шефе, Иванов е.
– Кој Иванов?
– Како кој, претседателот.
– Не ми текнува… потсети ме, кој ти го дал бројов?
– Шефе бе, Иванов претседателот на Македонија, оној што те аболицираше, брзо забораваш добри дела.
– А да бе, па така кажи.. фикусот. Кажи што треба?
– Хехе, фикусот. Добро ти е ова шефе, кај ти текна. Него.. шефе, на самитот сум во Истанбул, што да правам?
– Пречкратај го тоа ПЈРМ, мислам дека уште пали кај народот „името не го даваме“!
– Еј, убаво ти текна шефе..
– Ми текна, ми текна.. Миле ми текна.
– Шефе, не е Миле, Иванов е, ти кажав погоре.
– Добро де…
– Готово шефе, го пречкратав. И сега?
– Сега што?
– Па што да ставам на тоа место?
– Ми текна… Стави Независна Република Македонија во заграда, сега зборам нај, најдиректно, во заграда горна, независна или суверена Република Македонија, во заграда северна.
– Браво шефе, како ти текна еј. Навистина си цар.
– А бе не сум цар, ама кога ќе го предложиме тоа, ќе треба и тоа да потпишеш.
– Што да потпишам шефе, доста потпишував…
– Уживај, ќе потпишеш дека ме прогласувате за цар и веќе нема да се замараш. Само чекај ова да помине со аболицијава, ќе се правиме.
– Ајде шефе, се гледаме вечер, убаво ќе си помиенеме.
– Вечер?
– Да бе, шефе, нели договоривме вечера?
– А да, договоривме, ама ти не си викнат. Но фала, убаво ќе си поминеме. Ајде чкратај сега, само немој у боја да не искочи ко Фрчко што викаше, сме ти дале боички и хартија да си црташ нешто, ептен ќе пукне сеир, а плус и ова шарена револуција е во боја, ќе мислат дека ги поддржуваш. Ајде одам да џогирам!

Од фејсбук зидот на Влатко Васиљ