ЕВРОПСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ЦВРСТО ГО ПОДДРЖУВААТ ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА БУГАРСКОТО ВЕТО КОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
211

Меѓу земјите членки на Европската Унија има огромна поддршка за предлогот што го поднесе португалското претседателство неодамна за надминување на спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

За неколку дена, министрите за европски работи на 27-те земји членки на ЕУ ќе се состанат во Луксембург и ќе дебатираат за преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија и за одржувањето на првите меѓувладини конференции со овие две земји.

Португалија вложи големи напори во процесот на помирување помеѓу Скопје и Софија преку формален предлог и не се откажува од можноста да се изнајде решение до 22-ри јуни помеѓу двете страни. Затоа се корисни билатералните преговори на највисоко ниво кои се веќе во тек.

“Португалскиот предлог има за цел да го отвори патот за изнаоѓање прифатливо решение кое ќе ги земе предвид преокупациите на земјата-членка и на земјата-кандидат, но се разбира дека е суштински да се земат предвид преокупациите и на сите други земји во Советот бидејќи одлуката се носи едногласно. Има повеќе контакти на различни нивоа, на највисоки нивоа, португалскиот претседател отпатува во Софија во првите денови на јуни и има огромна заложба од претседателството за изнаоѓање решение” – рече неименуван ЕУ дипломат инволвиран во процесот.

На последниот амбасадорски состанок на почетокот на оваа недела помеѓу земјите-членки на ЕУ се разговарало исто така за Северна Македонија и дипломатите потврдуваат дека поддршката за португалскиот предлог е многу голема.