ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ СЕ ДЕЛ ОД ХИБРИДНАТА ВОЈНА ПРОТИВ ДРЖАВАВА, КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛТА Е ДА СЕ СОЗДАДЕ ВОЗНЕМИРЕНОСТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ

0
513

Не случајно се одбрани училиштата бидејќи таму сме најранливи, бидејќи таму се нашите деца, моите, вашите, рече премиерот.
Дојавите за бомби во средните училишта се чин на хибридна војна кон нашата земја и регионот. Министерството за внатрешни работи со службите работи на откривање на изворот, рече премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ја информацијата за денешните дојави за бомби.

– Целиот регион е цел на хибридна напади за создавање вознемиреност кај граѓаните. Досега имавме хакерски напади на неколку институции. Со нив добро се справивме бидејќи добивме помош од нашите НАТО партнeри. Гледате дека и Aлбанија беше под константни напади. Ова е дел од таквата стратегија на хибридната војна. Не случајно тие ги таргетираат училиштата бидејќи таму сме најранливи, бидејќи таму се нашите деца, моите, вашите. Министерството за внатрешни работи нормално интервенира, како и секторот за електронски криминал, кој работи да утврди од каде доаѓаат тие лажни дојави кои доаѓаат до нас – рече премиерот. Ковачевски рече дека очекува овие луѓе да разберат дека на Европа ѝ треба да живее во мир а не во страв.