(ВИДЕО) Љубе Бошкоски со лисици донесен во СЈО кај Катица Јанева

0
861

12737097_10207253204301175_1453541644_o-685x320

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски e донесен со лисици во СЈО, каде ќе одговара на прашања на некој од обвинителите, пренесе А1он.

Не е познато дали Бошкоски ќе одговара за предметот „Кампања“ или за предметот „Ровер“, за кој се чека одговор од Јанева дали ќе го превземе случајот.

Претходно СЈО веќе го побара предметот „Кампања“ во нивна надлежност за кое на Бошкоски му остануваат уште три месеци во затворот „Идризово“.

Со оглед дека сите затвореници досега добиваат три месеци наградно за добра владеење се очекува доколку нема политички притисоци за петнаесетина дена Бошкоски да биде на слобода.

Видеото ОВДЕ