ОО СДСМ ПРИЛЕП – КОСТАДИНОСКА : КИТЕЊЕТО СО ТУЃИ ПРОЕКТИ Е СЛИКА И ПРИЛИКА ЗА НЕСПОСОБНОСТА НА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ

0
441

Прес конференција на Оливера Костадиноска.

Почитувани,

Во ситуација кога после цела една година помината во градоначалничката фотелја има реализација од нула отсто од изборните ветувања, единственото нешто кое им останува на неуспешните „градски татковци“ е да присвојуваат туѓи проекти и да се кријат од граѓаните.

Како класичен пример и единица мерка за неспособност, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески го направи и едното и другото.

Најпрво, заедно со шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, сакаа да го „украдат“ проектот за реконструкција на цевководот во месноста „Пашоски ливади“, за кој средствата ги обезбеди Владата преку ТАВ програмата.

Истовремено, во изјавата дадена пред недовршената детска градинка во „Точила“, без и малку срам, Јовчески и Мицкоски се обидоа како свој да го прикажат и проектот на претходната локална власт предводена од СДСМ. Проект кој значи згрижување на 252 деца од претшколска возраст во нов објект, граден според сите европски и светски стандарди за квалитетен ран детски развој.

Како актуелен градоначалник и член на изминатиот состав на општинскиот Совет кој ја гласаше Одлуката за изградба на градинката, обврската на градоначалникот Јовчески да ја зборува вистината, барем кога е во прашање изградбата на детската градинка, е двојна.

За жал, Јовчески покажа дека е обичен послушник на неговиот партиски шеф Мицкоски. На манипулаторот Мицкоски, кој е единствениот човек во државата кој со своите „розови очила“ во Прилеп видел „градежна офанзива“. За разлика од реалната слика, која вели дека 12 месеци во градот не е поместен ниту еден камен. Дека општината назадува, дека тоне во сивило.

И не само што е јасно дека прилепскиот градоначалник ќе го преспие четиригодишниот мандат без да реализира ниту едно од изборните ветувања, туку заради неговата неспособност до недоглед се одлага ставањето во функција на градинката пред која се сликаше.

Истовремено, исклучиво по вина на Јовчески, доцнат и проектите за кои Владата обезбеди пари: реконструкцијата на улицата „Леце Котески“, односно влезот во Прилеп од страната на Крушево во должина од 2 километра, како и изградбата на водоводот за манастирот Трескавец.

Впрочем, тоа што градоначалникот Борче Јовчески избега од прилепчани и наместо пред нив, отчетот за своето едногодишно неработење го даде пред Мицкоски и пред тесен круг на партиски војници, зборува за две работи: за неговата свесност за личниот придонес во пустошењето на општината, како и за покажаното елементарно непочитување на граѓаните на Прилеп.

Прилепчани тоа нема да му го заборават.

Ви благодарам.