ИМАТЕ МНОГУ РАБОТА : ХОЛШТАЈН СМЕТА ДЕКА ПАТОТ КОН ЕУ ЗАВИСИ ОД УСПЕШНОТО СПРАВУВАЊЕ СО КОРУПЦИЈАТА

0
326

Во завност од тоа колку брзо Северна Македонија ќе прави напредок на својот пат кон ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе се спроведат реформите.

И сите ние сме сложни дека тоа е особено тешка задача која претстои и тоа не се однесува само на политичарите, вели германската амбасадорка.Напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија ќе зависи во голема мера и од успешното сузбивање на корупцијата, има многу работи кои треба да се направат, но ја имате нашата поддршка, истакна Амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Анке Холштајн на денешната прес-конференција по предавањето на донираната опрема за МВР.

Таа рече дека во пристапниот процес кон ЕУ поглавјето за владеењето на правото е една голема рамка, односно тоа е поглавје кое прво се отвора и последно се зтвора.Министерот за внатрешни работи пак, посочи дека во МВР нема простор за селективности за лицата кои прават прекршоци.

И сами гледате во саботата кон недела имаше казнети пратеници и во Собрание, сакам да кажам дека апсолутно не може да стане збор за селективност и секој споделена информција во делот на кривичниот прогон би ни биле од голема корист – рече Спасовски.