ЗЕЧЕВИЌ ОД КРАТОВО : ПОЛИТИЧКИОТ МОДЕЛ НА СДСМ Е СТОЖЕР НА ДРЖАВНИЧКИОТ ЕВРОПСКИ КОНЦЕПТ

0
573
Како што државничкиот концепт за создавање независна македонска држава по мирен пат во време на војни на Балканот е дело на државничките политики на СДСМ така и денеска сме стожер на европскиот концепт за интеграција во големото семејство на државотворни народи, рече генералниот секретар Миле Зечевиќ вечерва на состанок со партиски членови и симпатизери во Кратово.
Генералниот секретар потенцираше дека придонесот на секој член на СДСМ е значаен и додаде дека социјалдемократите имаат обврска да опстојат на континуитетот на државничките политики и да бидат обеднувачки фактор за создавање на европска иднина на македонската држава.
-Премрежињата и предизвиците не се наивни. Во актуелниот жесток политички момент на глобалната геополитичка сцена, регионална, а секако и наша македонска – во светло на македонските ЕУ аспирации.  Улогата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во овие немирни времиња дојде уште повеќе до израз и стана уште позначајна. Затоа што справувањето енергетската и економската криза и продолжувањето на европскиот пат мораше паралелно да ги понесеме. По пат моравме да бараме и да наоѓаме решенија за надминување на турбуленциите, покрај сите дополнителни проблеми што ни беа поставувани внатре од политичките опоненти. Како социјалдемократи имаме обврска да опстоиме на континуитетот  на државничките политики и да бидеме фактор на обединување за европскиот пат. Да оставиме зад нас трајна вредност и со поглед кон иднината да обединуваме за остварување на наредната стратешка национална и македонска цел, полноправно членство во ЕУ, рече Зечевиќ.