ИВАНОВСКА : ПОРАДИ НЕКАЗНИВОСТ И НЕВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО ИМАМЕ КРИТИЧКИ ИЗВЕШТАЈ ОД ЕК

0
321

Нашите препораки не се почитуваат, препораките од Државен завод за ревизија не се почитуваат. Јас не очекуваме дека можеме да чекориме напред доколку самите не се почитуваат. Ниту закони се почитуваат, ниту препораки, ниту луѓе меѓусебно. Прво што треба да се научиме да почитуваме, истакна Ивановска.

Неказнивоста и невладеење на правото во системот се причина за критичкиот извештај на Европската комисија, а најмногу промени за да се смени ситуацијата се потребни во правосудството, изјави денеска претседателка на Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска, по одржување на предавање за борбата против корупцијата во ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово и во ООУ „Перпарими“ во Речица.

– Тоа е извештај во кој ДКСК е позитивно оценета, односно нашата работа е позитивно оценета. Жал ми е што имаме таков извештај, но реално можам да кажам дека 99 отсто од препораките и констaтираните состојби што се ставени во извештајот ние веќе сме ги констатирале и сме дале препораки. Многу ни е мака што домашните институции не се почитуваат сами меѓу себе. Нашите препораки не се почитуваат, препораките од Државен завод за ревизија не се почитуваат. Јас не очекуваме дека можеме да чекориме напред доколку самите не се почитуваат. Ниту закони се почитуваат, ниту препораки, ниту луѓе меѓусебно. Прво што треба да се научиме да почитуваме, истакна Ивановска.

На прашањето каде е најголемиот проблем за таков негативен извештај за справување со корупцијата и владеење на правото, таа го посочи правосудството.
– Правосудниот сектор ако е во ред сите друго брзо ќе се средат. Затоа што тој сектор треба да продуцира казнивост, а ние имаме најголем ризик од корупција покрај политичкото влијание е неказнивоста, односно невладеење на правото. Во отсуство на интегритет во тој сектор ни се случува тоа што го гледаме, рече Ивановска.