ПЕТРУШЕВСКИ : ВО ПРЕСУДАТА СЕ ЦИТИРАНИ ЧЛЕНОВИ ОД ЗАКОН ШТО СЕ ИЗМЕНЕТИ – СУДИЈАТА ЗАСТАНАЛ ВО ВРЕМЕТО

0
278

„Во самата пресуда се цитирани закони односно членови од закон за граѓанска одговорност кои што се изменети. Затоа што последниот закон за граѓанска одговорност за навреди и клевета е донесен на 17-ти ноември 2021 година од овој пратенички состав. Што уште докажува дека Мартин Костовски морал затоа што го има материјалот, сме го дебатирале, го гласал на крајот на краиштата, морал да го познава овој закон“, истакна пратеникот Бране Петрушевски во емисија на радио „Лидер“ говорејќи за пресудата која што ја добил поради тужбата на пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски.

Петрушевски додаде дека е преседан да му се пресуди за кажаното од собраниската говорница. Во самата пресуда судијата вели дека согласно членот 64 од Уставот на кој што се повикал и дека тој како пратеник не уживал имунитет за граѓанска одговорност.

„Во Уставот на Република Македонија во членот 64 стои дека пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или гласање во Собранието. Тогаш во моментите кога е носен Уставот навреда и клевета било кривична одговорност. Но, подоцна под притисок на јавноста, на новинарите пред се, медиумите, се декраминилизира и преминува во граѓанска одговорност. И затоа законодавецот го изменил законот за пратениците кој што е основен закон по кој што ние нели уживаме права и имаме обврски, е наведено дека пратеникот не може да биде кривична или друга одговорност. И тоа е во согласност со сите меѓународни конвенции на кои Македонија е потписник“, рече Петрушевски.