(ВИДЕО) Митко Андреевски: Фамилијата веднаш да се откаже од коруптивниот тендер за гас!

0
2026

На само 70 дена пред изборите во Република Македонија, власта на Никола Груевски, се обидува да спроведе еден од најкоруптивните тендери за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас. Тоа е недозволиво – рече на денешната пресконференција Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

– Прво, во Македонија во моментов има техничка влада којашто не може да носи вака стратешка одлука, како што е проектот за гасификација на земјата. Второ, недозволиво е и која било влада, предизборно да распишува тендер за изградба на дистрибутивна мрежа и тоа со услови тоа да го добие една компанија, во време траење од 30 години. Трето, ова упатува на сериозни индиции за можна корупција при спроведување на тендерот и криминални последици на штета на граѓаните – рече Андреевски.

Неодговорната и криминалната власт на обвинетиот Никола Груевски, додаде тој, потроши милиони евра на граѓаните за стиропор политики.

– Спроведуваше тендери за физибилити студии, за наводни гасификации. Тоа го покажаа дури и со најавата за Јавен повик за изработка на тендер, концесија за дистрибуција на природен гас во градовите низ целата Република Македонија, што се очекува деновиве да биде објавен.Порачуваме дека ние нема да дозволиме проект со сериозни индиции за криминал. Никој да не помисли да го помага овој проект. Соработниците кои ќе бидат вклучени во една ваква криминогена активност, ќе одговараат.  СДСМ покажа како успешно се спроведува гасификација во Струмица и Куманово и по 11 декември тоа ќе се случи и во сите градови во Република Македонија – порача Андреевски..