ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА ГРАД СКОПЈЕ, ДАНЕЛА АРСОВСКА, ДЕНЕСКА ГИ ДОДЕЛИ МЕДАЛИТЕ НА НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН НА СКОПСКИОТ МАРАТОН ВО МАШКА И ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

0
329

Почитувани,

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска ги додели медалите на најуспешните учесници во генералниот пласман на Скопскиот маратон во машка и женска конкуренција, како и на најдобрите македонски натпреварувачи. Победник на 19-тото издание на Скопскиот маратон на кој настапија повеќе од 11.000 учесници е Виктор Киплагат од Кенија. На второ место е неговиот сонародник Чериот Лабан, а третото место го освои Дарио Ивановски од Македонија.

Во женска конкуренција најдобра беше Рут Матебо од Кенија, пред Мерси Кипкемои и Марија Врајиќ. Град Скопје е горд што по 19-ти пат е домаќин на Скопскиот маратон, една од омилените спортски манифестации. Градот Скопје е поддржувач оваа голема спортска манифестација која ги промовира Скопје и Македонија како спортска и туристичка дестинација, а исто така овозможува и логистичка поддршка од градските јавни претпријатија со цел успешно одржување на оваа реномирана спортска манифестација.

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје