ЗОШТО НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ДРИН АХМЕТИ? ФРОНТОТ ЗА ЕВРОПА Е ВСУШНОСТ ФРОНТ ЗА ИНОВАТИВЕН КРИМИНАЛ, ВЕЛИ БЕСА

0
259

Четири дена по откривањето на сомнежите за злоупотреба на овие пари, соодветните институции на државата, Владата и компетентното јавно обвинителство, сè уште не презеле никакви мерки за да започнат истрага и да ги информираат граѓаните каде завршиле нивните пари – се вели во соопштението на Беса.
Фронтот за интеграција во криминалот е толку посветен на тоа да ги изложи граѓаните на крајна сиромаштија, што не остава институција ненадмината во своето стремување да ги испрла прстите со криминал – се вели во денешното соопштение на партијата Беса.

„Лидер на овој криминален фронт, во оваа приказна, останува семејството на лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети. Ова беше потврдено и од Државната комисија за спречување на корупција, кои разоткрија дека Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, добил тендери за иновативни проекти.
Според Антикорупциска, Дрин како најмладиот и најпознатиот милионер во земјата, освен што е вешт во тоа да стане сопственик на трговски центар во вредност од 30 милиони евра без никаква инвестиција, има и необична способност да иновативно добие 5 милиони денари од Агенцијата за иновации преку неговите компании, “THOR Industries” и “Everest”, без да даде објаснување или извештај за тоа како се потрошиле и за што ја компензирале државата.

Но, уште побеспокојувачко е тоа што, четири дена по откривањето на сомнежите за злоупотреба на овие пари, соодветните институции на државата, Владата и компетентното јавно обвинителство, сè уште не презеле никакви мерки за да започнат истрага и да ги информираат граѓаните каде завршиле нивните пари.
Фронтот за интеграција во криминалот, кој се претставува како „Фронт за Европа“, за жал, останува само како фронт кој иновативно ги збогатува децата, внуците, зетовите и најблиските на лидерот на партијата.

Затоа, Европскиот сојуз за промени бара од техничката Влада итно да ги достави до истражните и правосудните органи сите потребни документи, за да можат да започнат истрага против директорот на Фондот за иновации, Фестим Халили, кој треба да одговара за тоа, по кој основ има дадено 5 милиони денари на две фирми на внукот на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, и зошто нема соодветна документација за трошењето на овие пари од компаниите “THOR Industries” и “Everest”.Од Али Ахмети пак, бараме јавно да каже зошто функционерите на неговата партија одлеваат пари во фирмите на неговите внуци.

Фронтот за интеграција во криминалот, кој за овие години го имаше најголемиот успех во Соравија и Еуровија, и десетици милиони евра инвестиции во казино апарати, е фронт кој постојано ја разурнува државата, го осиромашува општеството и се обогатува самиот. Овој фронт ја контролира секоја институција во државата и правосудниот систем, што го спречува нормалното функционирање и развојот на институциите. Затоа, промената е повеќе од неопходна.Исто така, сакаме да ве известиме дека 8 мај ќе дојде многу брзо, а веќе на 9 мај, кланот на Соравија и Еуровија, ќе треба да бидат подготвени да одговараат за секој злоупотребен денар“ – се вели во соопштенето на Беса.