ЗНАЕТЕ ЛИ ЗОШТО МРЧАТОРИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОБЕДАТ ЗАЕВ?

0
3733

Како самопрогласен најголем Заевист во земјава, морам да признаам дека некогаш ме фаќа паника дали Зоки Заев ќе падне жртва на македонската хистерија, ме фаќа паника дека мрчаторите ќе извојуваат победа над неуморливиот непоправлив оптимист, струмичкиот харизматичен лидер на СДСМ…

И во таквите моменти на паника, нормално паничам, и пријателите многу добро ми ја знаат таа слабост па одма рипаат со пораки еј дај не паничи жити се, тоа ти е најголема мана аман…

И признавам тоа ми е голема маана, немам трпение, ме фаќа моментот, а во политиката мораш да имаш и трпение, челични нерви, стабилна психа и мисла…

Сега после веќе 4 години власт на СДСМ и Заев како премиер, почнувам да ја согледувам големата слика и се повеќе сум уверен дека мрчаторите никогаш нема да го победат Заев. Знаете ли зошто?

Затоа што мрчаторите не можат да стигнат толку да мрчат колку што Зоки може да сработи на долг рок. Едноставно ќе ги скине на кондиција. И тоа го увидов овие денови. Таман они ќе заквичат во хор под диригентската палка на штабот во белата палата, и ќе почнат да го теглат онака баш заглушувачки за некоја измислена глупост и надуван скандал, кога тоа Зоки ќе излезе со нешто ново добро сработено добро замислено добро предложено, испланирано, добро за земјата и за народот и они ќе мора да мењаат песна и да смислуваат нова хистерија. И овие таман ќе почнат да смислуваат вицеви и хистерија и релативизација и исмевање и плукање кога тој веќе утре ќе излезе со 10 нови мерки нови проекти нови успеси на домашен и меѓународен план и овие пак ќе треба сега да земаат пак залет и така до бескрај си играат мачка и глушец…

Таман мрчаторите ќе смислат лажни вести, глупи вицеви, долна приземна простачка теорија на заговор, Зоки ќе ги извади од шини со нови настани и така на долг рок ги исрцпува им ја вади душата погана расипана гадна мизерна скапана отровна…

Заев во приказнава е како брзата птица итрица а мрчаторите се како оној којотот кој цело време сирот завршува демолиран или разнесен од некој динамит.

Затоа Зоки не им се плаши, ги гледа позади како се дават во прашината и им се смее во фаца и шири оптимизам кон сите како нас кои само паничиме и падавичариме од страв дека ВМРО ќе се врати на власт.

Оваа битка е осудена на успех на Заев и пораз на мрчаторите и гадовите слугите мафијашки! НЕ дека мрчењето не прави штета, не го велам тоа. Само велам дека на долг рок ќе се паметат успесите, сработеното ќе се гледа, сите ќе го видиме животот подобрен пред нашите очи, и тоа ќе ја победи хистеријата и мрчењето, колку и да се трудат да релативизираат и шират лажни вести и да ја саботираат работата на владата, на крај, упорноста, храброста, вредноста, работливоста, знаењето, добрата намера ќе победат над обидите тоа да се скрие во магла и чад од хистерија злоба и лажни вести.