КАЈ ШТО ПЛУКАШ ТАМУ ЌЕ ЛИЖЕШ : ВАНКОВСКА МУ СЕ ИЗВИНИ НА ФРЧКО ЗА КЛЕВЕТАТА И ЛАГИТЕ ЗА ТОА ДЕКА ПАДНАЛ НА ОДБРАНА НА ДОКТОРАТОТ ВО 1989 ВО ЉУБЉАНА!

0
814

ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ЗА НЕВИСТИНИТА СОДРЖИНА УПАТЕНО ДО ЉУБОМИР ДАНАИЛОВ ФРЧКОСКИ

Денес по писмен пат добив Барање од Љубомир Данаилов Фрчкоски за јавно извинување и повлекување на објавен Фејсбук пост. Според него, во постот од 7 јануари 2021 година сум изнела невистинита содржина со која му се повредуваат угледот, честа и достоинството.

Посочениот ФБ пост е сосема избришан, а со овој нов ФБ пост јавно му се извинувам на Данаилов Фрчкоски за делот во кој сум напишала дека паднал на одбраната на својот докторат во 1989 година во Љубљана.

Имено, во академската пракса, „паѓање“ на одбрана на докторат би значело крај на постапката за стекнување докторска титула. Во конкретниот случај, станува збор за одложување и повторување на јавната одбрана на докторатот.

Дека професорот Фрчовски бил вратен и подоцна ја повторил одбраната, по што и докторирал, разбрав од членот на неговата Комисија за оценка и одбрана на докторската дисертација (сега пензиониран) професор по политичка филозофија од Загреб, поради што имав основа да верувам дека ја зборува вистина, односно дека ги знае фактите како учесник во настанот. Ова ми беше кажано пред повеќе од 15 години, во лични разговори, но и во разговори во присуство на трети лица, колеги професори од регионот.

Се извинувам за непријатностите кои Данаилов Фрчкоски ги имал поради нешто што сум го пренела на непрецизен начин, а кое можеби и не е вистина, доколку мојот извор пренесувал искривена верзија на настаните. Му посакувам успешно вршење на амбасадорската функција во Вашингтон.

Проф. д-р Билјана Ванковска