ЗАЈКОВА : ЛДП ОСТАНУВА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

0
116

Претседателката на Либерално демократската партија – Моника Зајкова во интервју за „Слободен печат“ истакна дека нејзината партија останува во досегашната коалиција и дека продолжува да се залага за членство на државата во ЕУ.

– ЛДП останува на она што значи европски пат, односно брз влез во ЕУ, бидејќи гледаме дека на мнозинството од граѓаните тоа му е приоритет и сака да биде дел од ЕУ. И јас сакам да сме дел од ЕУ бидејќи гледаме дека досега сме понижувани, во однос на придобивките што ги уживаме.

Не спорам дека огромна е поддршката што ја добиваме од ЕУ во делот на проекти, но да тргнеме од она што е секојдневие. Сите патуваме и кога ќе одиме на пасошка контрола стоиме на различни страни од оние што се граѓани на земји членки на ЕУ, сите ние живееме на европскиот континент. Сакам и јас да поминам само со биометриска лична карта без да подлежам на куп контроли што ми прават стрес – рече Зајкова.

Таа додаде дека македонските граѓани ќе бидат рамноправни со граѓаните од земјите членки на ЕУ, само кога Македонија ќе стане дел од Унијата.– Сметам дека ќе бидеме реципрочни само кога ќе бидеме седнати на таа маса, а не кога од надвор ќе се буниме за своите права – заклучи лидерката на ЛДП.