Комитет за заштита на правата дава јавна подршка и голема благодарност за ангажманот на амбасадорот Бејли

0
1675

Комитет за заштита на правата, дава јавна подршка и голема благодарност за ангажманот на амбасадорот Бејли, во обидите за враќање на демократските процеси во Република Македонија, кои се темелат врз владеењето на правото. Комитетот е составен од лица кои биле жртви на правосудниот систем, апсени, притварани и затварани без никакви докази, како и жртви на политичко монтирани процеси, велат од Комитетот.

„Членовите на Комитетот, најдобро се запознати со состојбата на невладеењето на правото во Република Македонија во изминатите години. Па од овде и легимитетот на Комитетот, да даде став по ова горливо прашање. За повеќе од десет годишно владеење на оваа власт, бесправно беа осудени, без никакви докази, повеќе од седум илјади граѓани, а до 2013-та година просекот на притворени лица во Република Македонија, беше над петстотини граѓани во секој момент. Благодарение на гласноста на амбасадорот Бејли и неговите напори за враќање на демократските процеси и владеењето на правото во Република Македонија, просекот на притворени лица во моментот е под сто и осумдесет граѓани.

Преку директна организација на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со организиран криминал, од Република Македонија се изнесени повеќе од пет милијарди евра, податок потврден и од Глобал Финеншел Интегрити. (Global Financial Integrity) Како и сите останати криминалци, така двајцата братучеди се обидуваат да се извлечат од одговорноста, па за големи пари ангажирале лоби групи од Америка, да ги преставуваат во поинакво светло, за разлика од вистинското. Тие лоби групи, довеле до заблуда одредени конгресмени, кои што доставиле прашања до амбасадорот Бејли.

Комитетот, од име на повеќе од седум илјади бесправно осудени граѓани, изразува јавна благодарност и дава јавна и недвосмислена подршка на работата на амбасадорот Бејли и неговиот придонес, за враќање на демократските вредности во Република Македонија“, севели во нивната реакција.