Уште три средни училишта низ Македонија добија на подарок техолошки уреди во рамките на Акцијата на Логинг Електроникс од Скопје, којашто започна минатата недела

0
1220

Уште три средни училишта низ Македонија добија на подарок техолошки уреди во рамките на Акцијата на Логинг Електроникс од Скопје, којашто започна минатата недела. По активностите спроведени во електро-техничките училишта во Скопје, Кочани и во Крива Паланка, овој пат, врвни технолошки уреди на подарок добија училиштата ССОУ “Коле Неделковски”, од Велес, СОТУ “Ѓорѓи Наумов”, од Битола и СОУ „Ристе Ристески Ричко“, од Прилеп. Акцијата “Технологија за тебе” се спроведува и е во согласност со наставната програма на Министерството за образование, а има за цел да ја подигне свеста за употребата на новите технологии во секојдневието.