ЗАКАНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ КОН СОВЕТНИЦИ НА ЛЕВИЦА – ГОРАН ЧИЗ : СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА САМОХРАНА МАЈКА!

0
635
Горан Костовски-Чиз во денешната епизода на Тешки муабети истакна дека имало закани кон советници на Левица во неколку општини во Македонија, некаде од ВМРО-ДПМНЕ, некаде од ДУИ и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на старите лоши патеки кои ги чинеле многу.

– Знаете што се случуваше во Аеродром, јас ги нападнав Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ дека продолжуваат со мијалковистички методи.Исто и во Велес има закани, не од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ, во Охрид се закануваат на самохрана мајка советничка од Левица, во Кичево исто, во Гевгелија.

Таму се буквално луѓе сами во совет, ние во Аеродром сме пет, ќе се штитиме колку -толку ама таму се сами. Ама ние не попуштаме.Дали е нервозата кај нив голема, поготово за Скопје дека нема да можат да остварат тоа што сакаат, дали има и други ситуации, притисоци, не знам ама се враќаат на старите патеки кои ги коштаа многу, сите не коштаа многу ама се враќаат на тие емтоди со локални шерифи, тепачки, закани…Јас верувам дека е точно тоа што го вика Данела, ама ја советувам да ги извади доказите јавно, вели Костовски.