ШЕКЕРИНСКА ЌЕ МУ ВРАЧИ ПЛАКЕТА ЗА БЛАГОДАРНОСТ НА ПОЛКОВНИКОТ ЈАНКОВИЧ, ШЕФ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВРСКИ НА НАТО ВО СКОПЈЕ

0
877

По повод официјалното затворање на Канцеларијата за врски на НАТО, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе му врачи плакета за благодарност на шефот на Канцеларијата, полковник Зоран Јанкович, информира Министерството за одбрана.

Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје ја завршува својата мисија со успех. Една година по полноправното членство на Република Северна Македонија во Алијансата, НАТО канцеларијата заминува од државата. На патот на Македонија кон НАТО, две децении, тимовите на НАТО канцеларија даваа исклучителна поддршка на македонските институции за остварување на стратешката цел.