Заев од Тетово: Сега парите одат кај граѓаните, не одат во споменици, музеи и жални врби!

0
1102
„Вие тетовчани живеете во град на еснафот,  два пати мерите, еднаш сечете. Да ве потсетам, добро да измерите и еднаш да пресечете.  Знаете дека 11-те години се повеќе од 3 години на водење на владата предводена од СДСМ. Знаете дека е можно за 3 години да се постави и успее повеќе отколку за 11 години.
Знаете да го ставите тасот на едната страна којшто тежи 9.000 денари минимална плата и тасот на другата страна којшто тежи 14.500 денари минимална плата за 3 години. На едната страна е 21.300 денари просечна плата, на другата страна е 27.400 денари просечна плата за 3 години. На едната страна од тасот стечајните работници 11 години молеа да бидат згрижени, да имаат корка леб, на другата страна е закон и повеќе од 12.000 стечајци да добиваат повеќе од 8.000 денари надоместок до пензионирање. Знаете да го ставите тасот на едната страна и да измерите колку пари ви отидоа во споменици, во жални врби, во стиропор, во некакви златни ковани огради, а на другата страна да измерите изградба на патишта, водоводи, канализации, инфраструктура на детски градинки, училишта. Знаете кога фирмите чекаа повеќе од 150 дена за поврат на ДДВ, денес тасот на вагата вели дека ДДВ се враќа за 30 дена“, порача претседателот Заев.
Претседателот Заев пред тетовчани зборуваше за сработеното на економски план во изминатите 3 години и за следните планови со кои ќе се работи на подигање на нова развојна македонска економија која ќе генерира нови работни места, повисоки плати и повисоки пензии.
 „Сега парите одат кај граѓаните, не одат во споменици, музеи и жални врби! Одат кај луѓето за да им се најдат за живејачка. Еве ја дојде и кризата што го зафати цел свет, благодарение на тоа што дадовме повисоки плати на специјалистите до 40% , на лекарите 15%, на медицинските сестри и болничарите 20% за да ни останат тука, да ни бидат мотивирани да се борат со КОВИД кризата. По 24 часа гинат лекари и медицински сестри Македонки, Албанки, Турчинки, Турци, Албанци, Македонци, сите за нашите граѓани. Никој не прашал колку има Македонци, Албанци или Турци болни. Сега сме еднакви граѓани, а на времето се броеја и делеа. Да не дозволиме никој да не врати назад на квази национализмот“, рече претседателот Заев.